Како наближува новата година, така се поверојатно е дека на радио ќе го чуете препознатливиот хит на Mariah Carey – All I Want For Christmas Is You.

Од неговото издавање во 1994 година, божиќниот хит на популарната американска пејачка и донесе неверојатна заработка од над 60 милиони долари. Но, тоа и не е сè.

Само во Британија песната заработува повеќе од 500.000 долари годишно. Ако ги вклучите и парите кои ги добива од други земји низ целиот свет, излегува дека Carey заработува милиони годишно само од оваа песна.

Таа, исто така добива стотици илјади долари секоја година од Spotify и други стриминг услуги кои ја преземаат нејзината песна. Во 2016 година песната беше објавена во Spotify повеќе од 210 милиони пати.