Третиот дел на филмската франшиза „John Wick“ надмина 180 милиони долари, што веќе го направи најпопуларниот и најуспешен дел од трилогијата за кациониот херој. Првиот дел од франшизата стигна до заработка од 88 милиони долари, додека продолжението заработи 171 милион долари за целото време на присуство во кино-салите.

Деновиве се појави уште една интересна информација врзана со John Wick. Во обид фановите да дознаат колку убиства имаше нивниот акционен херој во трите дела, продуцентите потврдиле дека уредно се избројани 299 убиени луѓе во оваа трилогија. Интересно е што John Wick цво овие три дела уби повеќе луѓе отколку Фреди Кругер и Ханибал Лектор заедно.

Претходно беше најавено дека креаторите на франшизата веќе почнаа да работат на четвртиот филм, чија премиера е закажана за 2021 година.