Полицијата во Хјустон (САД) е во потрага по една жена која со помош на електричен алат успеала да влезе во клиника која продава Ботокс и други производи за подмладување. Според информациите на полицијата, кражбата се случила минатиот петок во текот на ноќта. Кражбата била направена од жена на возраст помеѓу 35 и 45 години, а сопственикот на ограбениот бизнис Alonzo Perez нуди и награда за фаќањето на злосторникот.