Под-брендот на Huawei – Honor го објави моделот View 20. Се чини дека главната карактеристика на новиот модел е задната камера од 48 мегапиксели. Камерата е направена од Sony и е моделот IMX586 CMOS која има вештачка интелигенција и се очекува да прави добри фотографии. Телефонот го користи најновиот процесор Kirin 980 на Huawei, па се очекува телефонот да има и одлични вкупни перформанси.

Honor View 20

Телефонот ќе биде достапен во три варијанти во однос на мемориските капацитети. Најслабата варијанта има 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија. Следната варијанта има 8GB RAM и 128GB внатрешна меморија, додека најдобрата варијанта има 8GB RAM и 256GB внатрешна меморија. Трите варијанти го користат истиот процесор (Kirin 980), имаат 6.4 инчен IPS LCD екран со резолуција од 1080×2310 пиксели, батерија со капацитет од 4000mAh, USB Type-C конектор, како и конектор за слушалки.

Honor View 20

Телефонот засега е достапен само во Кина, а наскоро се очекува да биде достапен и во други држави. Цената изнесува околу 435 долари за најслабата варијанта, околу 508 долари за средната варијанта и околу 580 долари за најдобрата варијанта.

Honor View 20