Околу 17,4 милиони гледачи во САД ја виделе првата епизода од последната сезона на мега-популарната тв-серија „Game of Thrones“.  Од HBO истакнаа дека ова е рекорден број на гледачи на една епизода и јанаправи истата најгледана забавна програма за оваа година (претходниот рекорд беше на Big Bang Theory, 14,1 милиони гледачи).

Премиерата на осмата сезона привлече 8,1% повеќе гледачи од дебитантаската епизода на седмата сезона, што е добар знак за НВО кои во мај ќе ја затворат последната страница на најголемата телевизиска серија.

И додека бројките на Запад зборуваат за култ кон овој посткултурен настан, Кина отсече шест минути од првата епизодата, поради тоа што во неа имало многу сексуални сцени, валкан говор и насилство. Самиот HBO како ТВ-канал не е достапен за голем број кинески гледачи, а единствената законска опција за фановите е цензурираната верзија на медиумскиот гигант Tencent.