Насловниот лик во трилогијата „Матрикс“, Кијану Ривс вели дека откако го прочитал сценариото за четвртиот филм смета дека не очекува еден исклучително успешен проект. Оваа своја изјава, Ривс ја даде во интервју за Entertainment Tonight.

Според Ривс, тој „со нетрпение ја чека можноста повторно да го игра Нео“. Секако, тој не навлегуваше во детали од сценариото, но претходно првиот човек на студијата „Warner Bros Co.“, Тоби Емерих истакна дека авторот на сценариото е вистински визионер.

Покрај Ривс, во филмот ќе учествува и Кери-Ен Мос, која ја имаше улогата на Тринити. Распоредот за снимање засега не е познат, но се претпоставува дека „Матрикс 4“ ќе се појави некаде во втората половина на 2021 година.