Нападите на паника може да се избегнат со зголемување на внесот на протеини и намалување на количината на шеќер и јаглени хидрати во исхраната, велат експертите. Утврдено е дека конзумирањето големи количини чај или кафе го зголемува нивото на адреналин, норепинефрин и кортизол во крвта, а тоа доведува до чувство на нервоза, дури и кај луѓе кои се целосно ментално здрави.

Ако по природа сте склони кон вознемиреност, екстра чаша кафе или чај дури може да предизвика паничен напад. Ваквата состојба, пак, може да се избегне со одржување на нивото на триптофан во исхраната (важна амино киселина). Факт е дека ниското ниво на триптофан помага да се намали серотонинското производство во мозокот, а тоа предизвикува вознемиреност, депресија, несоница и други слични проблеми.

Меѓу корисни производи со триптофан, експертите ги споменуваат јајцата, рибата, бананите, спанаќот, како и овес, семки од тиква и семе од сусам. Анксиозноста, исто така, сериозно се намалува со користење на кефир.