Ако го изложиме тврдото сирење (кашкавалот) на музика само неколку часа, неговиот вкус се менува. До ваков заклучок дојдоа научници од Швајцарија кои спроведоа цела студија за да ги докажат своите тврдења.

Девет парчиња тврдо сирење (кашкавал), секој со тежина од 10 килограми, беа сместени во посебни дрвени каси за да се тестира влијанието на музиката врз нивниот вкус и арома. Секоја од „питите“ кашкавал 24 часа беа под „агресија“ на посебен вид музика. Едната беше постојано под звуците  Led Zeppelin, друга под звуците на операта „Волшенбната флејта“, трета „слушаше“ хип-хоп.

Три други парчиња беа подложени на ниски, средни и високофреквентни звучни бранови, додека една „пита“ остана во целосна тишина.

Членовите на научната експедиција и членови на специјално жири дегустатори даваа свои оценки за квалитетот на кашкавалот по музичката сеанса.

“Највидливи разлики се гледаа во силата на вкусот и мирисот”, објаснуваат истражувачите од Универзитетот во Берн.

“Примерокот кој беше ‘заразен’ со Хип-Хоп имаше најпријатни промени во аромата и вкусот“, велат од Берн, кои велат дека се презадоволни од експериментот кој може да се искористи во промоција на нови видови на кашкавал.