Во Сеул веќе една година работи многу необичен кафе бар, чиј ентериер на прв поглед изгледа како слика од цртан филм или од блокче за цртање. Во стилот на анимација, ресторанот има сè, од мебел до садови.

Станува збор за кафе барот „Yeonnam-dong“ кој функционира и работи во истоимената област во јужнокорејската престолнина. Отворен е во летото 2017 година и стана исклучително популарен во првата година од работењето.

Според дизајнерите, за креирањето на ентериерот на ресторанот биле инспирирани од популарниот корејски филм „W – помеѓу два света“, каде главната хероината доаѓа во веб-стрип.

извор: Rufustory