Научниците од Универзитетот „Томас Џеферсон“ во Филаделфија откриле дека кафето ги заситува клетките на телото со кислород и им помага да закрепнат. Ова е сосема ново научно откритие кое ги потврдува придобивките од конзумирање на еден од најраспространетите топли пијалаци вос ветот.

Во текот на студијата, било откриено дека најкорисното кафе се добива со истурање на зовриена вода врз основа од кафе и доколку се испие во рок од 5 до 10 минути. Во овој период се постигнува идеалното ниво на киселост и максимално ниво на корисност за човековото тело.

Заситеноста на крвта со антиоксиданси, витамини и елементи во трагови од зрната кафе доведува до намалување на инфламацијата на ткивото и го зајакнува кардиоваскуларниот систем. Научниците, исто така, забележуваат дека зголемената популарност на кафето со студена вода е сосема погрешна и тотално инфериорна во однос на корисноста која ја добивате од топлото кафе.

извор: Scientific Reports