Британското архитектонско биро Foster + Partners ги објави деталите за проектот на својот “Златен Стадион”. Станува збор за стадионот Лусаил, кој ќе биде изграден во Катар за потребите на првото светско првенство кое ќе се одржи во оваа земја во 2022 година.

Арсената ќе биде со капацитет од 89.000 места и ќе биде главниот и најголемиот стадион на претстојното светско првенство. Стадионот Лусаил се гради 15 километри северно од центарот на Доха, каде што досега е завршена изградбата на новиот град Лусаил. Новата населба е од големо културно и историско значење за земјата, бидејќи од тука доаѓа основачот на модерниот Катар, шеикот Јасим бин Мухамед ал Тани.

Не е изненадувачки, архитектурата на стадионот, во голема мера се базира на арапскиот стил и националната култура на земјата. Однадвор, зградата наликува на длабока златна чаша исполнета со песок. За декорација на стадионот се користеле традиционалните арапски фенери.

Изградбата на стадионот треба да заврши во 2020 година. По светското првенство, стадионот делумно ќе биде демонтиран. Самиот стадион ќе се претвори во мултифункционален центар со образовни институции, продавници, кафулиња, спортски објекти, здравствен центар и многу друго.