Во пештера на индонезискиот остров Борнео се откриени најстарите карпести слики на кои се прикажани животни. Проценките велат дека нивната возраст е најмалку 40.000 години.

Археолозите од Универзитетот Грифит во Австралија, заедно со колегите од Индонезискиот национален центар за археолошки истражувања, го опишале откритието како сензација. Карпестото сликарството првпат било откриено во XIX век во пештерата Алтамира во Шпанија и веднаш привлече голем интерес од научниците. Потоа, пештерските слики беа откриени во различни делови на светот, од Европа и Африка до Малезија и Австралија, како и во Северна и Јужна Америка.

Сликите на животни во шпанската пештера Ел Кастиљо беа сметани за едни од најстарите карпести слики пронајдени на планетата, создадени пред околу 36.000 години. Исто така во пештерите на островот Сулавеси, источно од Борнео, биле пронајдени цртежи создадени пред 23.000 до 40.000 години. Цртежите во пештерите на Источен Калимантан во Борнео биле откриени во 90-тите, но досега се сметале за релативно млади, околу 10.000 години. Меѓутоа, модерната радиоизотопна анализа овозможи да се утврди точната возраст на сликите. Минималната возраст на еден голем копитар насликан со црвена боја, е стар најмалку 40.000 години, но може да достигне и до 53.000 години. Ова е најраната слика во светот што се однесува на фигуративното сликарство.

извор: Gazeta.ru