Geoffrey Pascal успеа да креира збирка канцелариски мебел кој е наменет за зголемениот број на луѓе кои се почесто работат од дома. Токму за да ги имаат потребните канцелариски услови за работа, Geoffrey Pascal создаде три интересни парчиња мебел кои освен што ќе ви овозможат непречено да ги извршувате вашите работни обврски од дома, едновремено и да се чувствувате како дома.

Различни прилагодувања на тапацир и пена, му овозможуваат на корисникот да работи на позиции кои имитираат лежење во кревет, но исто така го оддржуваат телото во неутрална позиција.

Мебелот е развиен според проекти на NASA за одржување на здравјето кај астронаутите во нулта гравитација. Ова е во контраст со типично поставената работна маса, која ја концентрира силата надолу на долниот дел од грбот. Одлична идеја!

извор: Dezeen.com