Речиси една деценија по објавувањето на легендарниот Avatar во 2009 година, филмот на режисерот Џејмс Камерон останува филм со најдобра заработувачка на сите времиња во светските кино-благајни со приходи од 2,8 милијарди долари.

Идејата за продолжение на филмот е одамна лансирана и тоа не со еден, туку со четири нови дела кои треба да се појавуваат етапно. Ако досега медиумите овие продолженија на франшизата ги нарекуваа само со бројки (Avatar 2, Avatar 3…), сега има најава и за најверојатните имиња кои ќе ги добие секое од продолженијата.

Според британските критичари, работните имиња на четирите нови продолженија на Avatar се следни: „Avatar: The Way of Water“, „Avatar: The Seed Bearer“, „Avatar: The Tulkun Rider“ и „Avatar: The Quest for Eywa“. Сепак, мора да се каже дека овие се само предлог наслови, што не значи дека ќе бидат и официјални имиња на филмовите.

Инаку, четирите продолженија треба да бидат објавени во декември 2020, декември 2021, декември 2024 и декември 2025 година.

извор: BBC