Голем број разурнувачки земјотреси ќе се случат низ целиот свет до крајот на 2018 година!?

Ова е предупредување кое дојде од двајца научници уште од минатата година. Нивната прогноза излезе дека не отстапува многу од реалноста. Имено пред само една недела, Индонезија беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Имаше и цунами, а како резултат на катастрофата, над 1400 луѓе ги загубија животите.

На почетокот на август, повторно во Индонезија, беше регистриран земјотрес, во кој загинаа 513 луѓе. На почетокот на годината, Папуа Нова Гвинеја загуби уште 160 животи. Листата продолжува …

Причината за огромниот број катастрофални потреси има објаснување. Според научниците Роџер Билам од Универзитетот во Колорадо и Ребека Бендик од Универзитетот во Монтана постои видлива врска меѓу доцнењето на ротацијата на Земјата околу нејзината оска и зачестените земјотреси. Тие најдоа врска меѓу сите земјотреси со големина од 7 (+) степени според Рихтер од 1900 до денес. Имено, научниците откриле дека на секои 32 години, големите земјотреси станувале се посилни. Во тој 32-годишен период, единствената друга промена е брзината со која нашата планета се врти околу својата оска.

„Врската меѓу Земјината ротација и сеизмичката активност е многу силна, а таа ќе доведе и до сериозни и големи земјотреси“, најавија овие двајца научници за англиските весници уште минатата година.

Земјата поминува низ редовни десетгодишни периоди во кои брзината на центрифугирање се забавува. Научниците забележуваат минимално зголемување на времетраењето на денот, но ова одложување има многу позначајно влијание врз состојбата на планетата. Откривањето на оваа зависност е фундаментално, бидејќи на тој начин може да се предвидат сериозни идни шокови и катастрофи.

Иако не е сосема јасно зошто, според двајцата научници, Земјината мантија се приближува минимално кон земната кора, а тоа, од своја страна, го менува движењето на внатрешното течно јадро. Според научниците, ова влијае на промената во времетраењето на денот и влијанието на магнетното поле на Земјата, кое привремено пулсира. Многу од земјотресите се случуваат на места каде што луѓето не живеат. Меѓутоа, кога земјотресот се случува во населба, штетата може да биде огромна.