Понекогаш младите мајки не знаат како да се справат со две деца, а раѓањето на трето е буквално рамно на подвиг. Но, дали сте се запрашале како е да се живее со 38 деца?

Веројатно не, но тоа и не е никаква шега, затоа што постои жена која има родено 44 деца, од кои 6 го загубиле животот, па сега е мајка на 38 деца. Нејзиното име е Маријам Набатанци, има 38 години, живее во едно мало село во Уганда, а во моментов има 38 деца. Сите се нејзини и се плод на бракот со еден маж.  Сите деца на Маријам се родени на природен начин, освен последното, за кое морала да направи итен Царски рез.

Маријам се омажила на 13 години и никогаш не крела дека сака да го има големо семејство во околината. Брачната двојка најпрвин добила близнаци, па една тројка, а по нив и една четворка!

Жената вели дека тоа воопшто не ја изненадува, бидејќи во своето семејство веќе има слични ситуации: нејзиниот татко имал 45 деца, но од различни жени. Набатанци, сепак, се омажила само еднаш, а во семејството се родени 6 пара близнаци, има четири тројки и три четворки. Само две деца се родени поединечно. Кога го родила 23-тото дете, таа одлучила да оди на лекар за да дознае зошто била толку плодна и поради која причина родила толку близнаци. Експертите ја испитале жената и дошле до заклучок дека Маријам има генетска диспозиција за хиперовалација, а тоа во голема мера ја зголемува веројатноста да има близнаци, тројки, па дури и четири деца во исто време.

Денеска Маријам е самохрана мајка. Сопругот, кој според жената се однесувал ужасно кон неа, на крајот го напуштила и сега има слаб контакт со него. Во грижата за помладите деца, на Маријам им помагаат постарите, кои веќе имаат и по 23 години. Жената вели дека иако понекогаш и е тешко, таа сака да се грижи за своите деца и да им ја даде сета своја љубов.

извор: rambler.ru