Името Џингис Кан е познато во целиот свет. Неговата монголска орда освоила половина од светот во време на неговото владеење. Неговата империја опфаќала територија меѓу Каспиското Море и Тихиот Океан со неверојатни 23 милиони квадратни километри што ја прави најголемата континентална империја позната некогаш на нашава планета.

Сепак, Џингис Кан според записите бил исклучително скромен, ако го споредуваме со другит еголеми владетели низ историјата на човештвото. Тој не тргнал да гради импознатни тврдини и споменици за неговите достигнувања. Дури и во смртта, сакал да остане скромен. Се знае дека одлучил дека треба да биде погребан на тајно место во необележан гроб. По неговата смрт, неговата верна војска ги почитувала неговите желби.

Тие го носеле неговото тело дома и ги убиле сите случајни минувачи кои ги сретнале на патот, само за да не може да се открие локацијата на неговиот вечен дом.

Луѓето кои го ископале гробот некаде во оддалечените планини на Монголија или можеби во широките рамнини, се исто така убиени за да не ја откријат локацијата. По погребот на Џингис, неговите војници засадиле дрвја над местото на неговиот гроб. Кога војската се вратила дома, и тие биле убиени од страна на нивните другари за да го спречат можното оддавање на локацијата.

Денес, археолозите и ловците на богатството сѐ уште го бараат неговиот гроб, надевајќи се дека ќе го најдат место на почивање на големиот монголски лидер.