Дали некогаш сте сакале да знаете како е тоа да се искачувате на планините на Марс? Новото анимирано видео објавено од NASA покажува колку е важно да се истражи планината Шарп, планина на Марс, која роверот „Curiosity“ ја искачува од 2014 година.

Видеото ги истакнува неколкуте региони на планината што научниците ги проучуваат, вклучувајќи го и она што научниот тим го нарекува „The Clay-bearing Unit“ каде што „Curiosity“ само што почнал да ги анализира примероците на карпите.