Sharp се пофали со својот прототип на флексибилен паметен телефон. Иако не објави многу детали за моделот, од видеото кое беше презентирано може да се навестат некои од неговите главни карактеристики.

Sharp е еден од најголемите производители на дисплеи за паметни телефони, па затоа јапонската компанија не можеше да го пропушти трендот на промоција на флексибилни паметни телефони. Новиот прототип ги покажува достигнувањата во оваа област. Станува збор за смартфон кој ќе има 6,18 инчен OLED екран со QHD + резолуција.

Сè уште не е познато кога Sharp ќе издаде комерцијална верзија на овој паметен телефон. Некои претпоставки велат дека тој сигурно ќе се појави само на јапонскиот пазар.