Во очекување на последната (финална) сезона на суперпопуларната тв-серија „Game of Thrones“, стигнуваат нови добри вести за фановите на серијата. Ушт ево 2017 година беа најавени четири потенцијални проекти кои би требало да ја продолжат приказната од „GoT“, но досега не се знаеше кој ќе биде вистинскиот наследник. Имаше ангажирано неколку сценаристи кои требаше да работат на сценарио на prequel-от на серијата, за кон крајот на минатата година да стане јасно дека новата серија ќе ја работат Jane Goldman и нејзиниот тим.

Goldman и писателот на „GoT“, George R. R. Martin пишуваат приказна која се случува 1000 години пред настаните во серијата која своето финале го чека оваа година и која се опишува како Златно време на хероите. Очекувајќи ја продукцијата на новата серија, полека се составува и листата на актерската екипа која ќе учествува во креирањето на овој prequel. Засега се познати неколку имиња кои влегуваат во новиот HBO проект, а тоа се:

Naomi Watts (Twin Peaks: The Return)

Josh Whitehouse (Poldark)

Naomi Ackie (Star Wars: Episode IX)

Denise Gough (Guerrilla, Angels in America)

Jamie Campbell Bower (Sweeney Todd, Twilight, Mortal Instruments)

Останатите детали за серијата се чуваат во тајност. Снимањето треба да почне до крајот на јуни оваа година.