Откако Samsung го објави својот телефон на превиткување кој ќе има цена од 1980 долари, Huawei вчера го објави сопствениот модел, кој делува и подобро од тој на Samsung.

Huawei Mate X

Huawei Mate X содржи екран кој има дијагонала од 8 инчи. Преклопувањето на екранот кај Mate X е на надворешната страна, наспроти Galaxy Flex кој се собира навнатре. Mate X на едната страна има статичен вертикален дел на кој се сместени трите камери, а има за цел и полесно да го држите телефонот кога тој е отворен.

Huawei Mate X

Huawei Mate X

За разлика од Galaxy Flex кој има голем засек на екранот, Mate X нема засек ниту дупче за камера. Целосниот екран на Huawei Mate X има резолуција од 2480×2200 пиксели. Доколку ги користите двата екрани поеднинечно, тие се со дијагонала од 6.6 инчи и од 6.38 инчи.

Huawei Mate X

Huawei Mate X

Овој невообичаен телефон го користи последниот процесор од Huawei, односно Kirin 980 кој го има и во Huawei Mate 20 Pro. Освен овој чип, телефонот го има и Balong 5000, кој е 5G модем. Теоретски, поддржува брзина од 4.6Gbps односно околу половина гигабајти во секунда.

Huawei Mate X

Телефонот има 8GB RAM, внатрешна меморија од 512GB, две батерии со вкупен капацитет од 4500mAh, како и USB-C конектор за полнење на батеријата, која користи ултра брз полнач од 55W. Недостаток е немањето на конектор за слушалки.

Huawei Mate X

Huawei Mate X би требало да се појави во продажба во текот на летото по цена од 2299 евра, односно 2599 долари.