Робот-поштар ќе доставува писма и пакети до домовите во Норвешка. Машината произведена од американско-норвешката компанија „Buddy Mobility“ ќе започне со работа во режим на тестирање во градот Консберг. Однадвор, овој робот-поштар наликува на голема кутија на тркала. Според авторите на проектот, роботот може да се движи со брзина од 6 км ч и е способен секој ден да опслужува по стотина примачи на пратки.

„Нашиот робот ќе биде во можност да разнесе пошта со значителни заштед. Затоа и се одлучивме на овој чекор“, велат од комапнијата. Ако експериментот е успешен, проектот ќе се развива понатаму.

извор: iz.ru