Овогодинешното издание на пивскиoт фестивал во Минхен, популарниот „Октоберфест“ заврши во неделата, а организаторите соопштија дека поминало со извонредна посетеност. Статистичките податоци покажуваат дека 7,5 милиони литри пиво се испиени во деновите на најголемиот пивски настан во светот. 

Бројот на посетители оваа година достигна 6,3 милиони луѓе, што е за 100.000 повеќе отколку лани. Организаторите како причина за тоа го споенуваат и убавото време, иако оваа година „Октоберфест“ беше два дена пократок од изданието во 2017 година. 

Организаторите исто така објавија дека луѓето кои беа задолжени за обезбедување успеале да запленил околу 100.000 еднолитарски пивски чаши кои посетителите се обиделе да ги земат за себе како сувенири, а градските власти во Минхен исчистиле 95 тони ѓубре од плоштадот Терезиенвизе, каде се одржува настанот.

Првата стаклена кригла за пиво се појави на фестивалот во 1892 година, откога пивото традиционално се продава во еднолитарски чаши.