Гордоста на Источен Берлин – Унион Берлин, во неделата го имаше својот прв меч во Бундеслигата. Навивачите на овој клуб со години го чекаа овој момент, а некои и не успеаја да го дочекаат.

Иако премиерата не мина добро затоа што Унион Берлин загуби со 4:0 од екипата на Лајпциг, но тоа не беше најважното нешто на стадионот. Стадионот беше исполнет до последното место, а млади и стари со солзи во очите гледаа како омилениот тим  е дел од германската фудбалска елита.

За овој прв меч беа продадени сите билети, а имаше повеќе гледачи на стадионот од капацитетот – 22.012 места. Интересно е што многу навивачи со себе на трибините донесоа и портрети на починати блиски, кои своевремено биле луди навивачи на Унион Берлин. Сите тие мечтаеја, но не дочекаа да го видат својот омилен тим во Бундеслигата.

Овие фанови кои ги понесоа портретите на своите блиски на стадионот платија билет за мртвите навивачи и ги кренаа високо пред првиот судиски сигнал.