Шведската двојка Чарлс Сацилото и Мари Гранмар решија да најдат посебен начин како да го затоплат домот при студените скандинавски зими, а притоа да ја искористат природната сончева енергија. Иако многумина би помислиле дека ваквата идеја ќе потрае предолго за да се реализира и ќе чини многу пари, семејството сепак се реши да ги контактира шведскиот еко-архитект Бенгт Варн, кој понуди нешто поедноставно, но ефективно решение – домот да биде обложен во стаклен оклоп.

Бенгт ја разви оваа идеја уште во 1974 година. Надворешната метална конструкција на неговата стаклена градина вклучува стакло од 4 мм. На овој начин, климата ќе биде умерена, дури и ако надвор е студена зима.

Марија и Чарлс својата куќа ја „завиткаа“ во стакло, и сега таа наликува на градба од научно-фантастичен филм. Но, се си има и придобивки. Нивниот дом е своевиден пластеник и покрај тоа што си го топлат домот, во околината си одгледуваат зеленчук и овошје, како домати, краставици, смокви и други слични плодови, кои сега можат слободно да преживеат и во студените скандинавски зими.