Засега не е јасно како лирата се менува во евра и дали воопшто се разменува во друга валута. Италијанската лира престана да се користи како легално платежно средство во Италија на крајот на февруари 2002 година.“Се уште откриваме големи количини лири“, вели Џузепе Арбор, заменик-началник на италијанската владина агенција, која го истражува финансискиот криминал. “Италијанските лири се уште се дел од нелегалните договори”, изјави тој во италијанскиот парламент.

Неговите зборови предизвикаа зачуденост меѓу пратениците од Финансиската комисија каде што даде објаснувања за владиниот предлог-закон со цел поедноставување на даночниот систем на земјата. Кога му било кажано да раскаже детали , Арбор рече дека не може да го стори тоа, бидејќи истрагите се уште се во тек.