Кинескиот научник Хе Џианкуи, кој наводно ги создал првите генетски модифицирани деца, исчезнал, јавија кинеските медиуми. Според информаците, тој бил во домашен притвор во кампусот на Јужниот универзитет за наука и технологија во Шенжен, каде што работи, но самиот универзитет ги негира овие податоци.

Во ноември 2018 година, кинескиот истражувач изјави дека со неговата помош се родени првите деца со модифициран геном, кој, наводно, ги направил отпорни на ХИВ. Иако научниците сè уште не дале никаков доказ за експериментот, оваа вест многу го возбуди научниот свет, и откако објави серија видеа за неговиот експеримент на YouTube, јавноста го нарече „Кинескиот Франкенштајн“.

Јужниот универзитет за наука и технологија во Шенжен, каде што Џианкуи работел, ги демантираше информациите за неговата научна работа во установата. Од Универзитетот велат дека тој не известил никого од раководството за своите студии и бил на неплатен одмор од февруари 2018 година, кој трае до јануари 2021 година.

Универзитетскиот менаџмент, исто така, ги повика меѓународните експерти да соберат независна комисија која ќе го испита овој случај и јавно ќе ги објави резултатите.

извор: Gazeta.ru