Индонезија започна проект за создавање на својата земја во глобална туристичка дестинација. Наскоро, земјата планира да изгради најмалку уште десет места слични на прочуеното Бали.

„Сфаќаме дека сите во светот знаат за Бали. Затоа нашиот претседател не предизвика да создадеме уште 10 нови дестинации како Бали“, изјави министерот за туризам Аријев.

Претседателот на државата Јоко Видодо има амбициозна цел Индонезија да биде посетена од 20 милиони странски туристи до 2020 година. Ова е двапати пати повеќе од бројот на туристи, забележан од 2015 година до сега.

За да ја постигне својата цел, Видодо поставил задача пред туристичките работници да се зголеми приливот на странски туристи во Индонезија како четвртата најнаселена земја и, воедно, најголема муслиманска држава во светот.