Магазинот Business Insider направи посебна анализа во која се обиде да ги избере најдобрите смарфони на светкиот пазар. Аналитичарите кои земаа учество во креирањето на ранглистата, како најдобар паметен телефон во светот го одбраа – OnePlus 6T.

За овој модел велат дека ги има сите современи карактеристики, вклучувајќи безжично полнење, добра камера и отпорност на вода, а неговата цена е многу помала од повеќето гаџети со такви опции.

На второто место е неодамна претставениот Samsung Galaxy S10e. Тој е опремен со одличен екран, сензор за отпечатоци и е поевтин од предводникот Galaxy S10. “Бронзениот медал” во изборт му припадна на iPhone XR од американската компанија Apple. Според авторите на анализата, овој паметен телефон речиси и да не се разликува од iPhone XS, со исклучок на LCD дисплејот со помала резолуција.

Во ТОП 5 најдобри смартфони на светскиот пазар се најдоа и Samsung Galaxy S10 Plus и Samsung Galaxy S10, кои се разликуваат само по големината.