Во текот на историјата, повеќето од светските лидери, филозофи и пронаоѓачи биле мажи. Сепак, многу работи што ги познаваме и сакаме денес, всушност, биле создадени од жени. Дали овие предмети се забавни или апсолутно клучни за нашиот секојдневен живот, пронајдоците на жените придонесоа многу за нашиот начин на живеење и помогнаа да се обликува текот на човечката историја.

Еден од изумите без кои денеска е незамисливо да возите автомобил се бришачите на шофершајбната. Нивниот изум помогна возењето да стане побезбедно, особено во врнежливите денови кога тешко се гледа патот пред нас. Сето ова е благодарение на изумот на Мери Андерсон.

На 10 ноември 1903 година, Андерсон го поднела патентот за уред кој стигнува до надворешните прозорци од внатрешноста на автомобилот и го чисти стаклото од дожд или снег. Идејата и дошла на ум во текот на зимата 1902, додека гледала како се движат некои коли и сфатила дека возачите морале да ги држат главите надвор од нивните прозорци во снежни услови за да бидат безбедни на патиштата.

Патентот бил издаден, но не минало се така розово за Мери Андерсон. Таа се обидела да ја продаде својата идеја на компаниите, но, ѝ било кажано дека нејзиниот пронајдок е бескорисен. Всушност, таа никогаш не видела пара од нејзиниот изум. Правото на патентот истече во 1920 година, кога американската автомобилска индустрија процвета и сама ги промовираше бришачите на шофершајбната.