Во 1985-та година започна блескавата кариера на американската пејачка Whitney Houston, а сега нејзиното наследство ќе биде презентирано во нејзиниот роден град Newark. Изложбата “Whitney!” која ќе се одржува во Grammy Museum Experience Prudential Center на фановите на Whitney ќе им овозможи да ѕирнат во нејзиниот живот со помош на колекција од различни артефакти, ретки фотографии и снимки од приватната колекција на фамилијата Houston, а ќе вклучува неколку од нејзините костими, дел од наградите кои ги има добиено.

Изложба Whitney!

Посетителите ќе имаат можност да видат снимки од некои од нејзините легендарни настапи, но и преку ексклузивни интервјуа да слушнат од други музичари како Whitney била нивна инспирација. На оваа локација, изложбата ќе биде поставена до јуни 2019-та година.

Изложба Whitney!

Cissy Houston