Откако кокосовото масло најпрво беше промовирано како чудотворен лек, а потоа демонизирано како отров, се чини дека има уште еден сличен таков „чудотворен производ“ кој наскоро може да се најде на листата на „и не толку корисни производи во исхраната“. Станува збор за маслиновото масло.

Маслиновото масло се смета за особено здраво, како важен дел од медитеранската исхрана, и истото го препорачуваат многу советници за исхрана. За жал, „здравствените придобивки од маслиновото масло во голема мера се преценети“, тврди нутриционистката Даниела Клете-Неис.

„Нема апсолутно никаква причина целосно да се префрлите на маслиново масло”, вели Клете-Неис. “Тоа главно се користи за апсорпција на мононезаситени масни киселини во големи количини. Мастите се важни за нашето тело, тие складираат енергија и се важен дел од нашата клеточна мембрана. Некои масни киселини се дури и од суштинско значење. Ова значи дека на телото му требаат, но не може да ги произведе само по себе. Затоа мора да се внесат преку исхраната”, вели нутриционистката.

Масните киселини можат да се поделат во три главни групи, кои се разликуваат во нивната хемиска структура: заситени, мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Мононезаситените масни киселини, како што се оние содржани претежно во маслиновото масло, не се доволни за здраво тело. Нашето тело има потреба и од полинезаситени масни киселини, а процентот на полинезаситени масни киселини во маслиновото масло е само 9% – што го прави маслиновото масло едноставно „празно“.

Клете-Неис препорачува да не се консумира маслиново масло во поголеми количини. Со “поголеми количини” не се подразбира околу половина литар дневно, туку и само две супени лажици дневно. Иако постојат луѓе кои би можеле да толерираат малку повеќе од тоа, веќе две лажици маслиново масло дневно може да бидат премногу, ако не одговараат на генетиката на телото.