И по толку многу години остана отворено прашањето: Зошто Русите не се качија на Месечината? Лунарната трка им припадна на Американците, додека Советскиот Сојуз ги имаше сите шанси прв да слета со свој екипаж на површината на природниот сателит на Земјата, но сепак како намерно да му ја даде победата на својот главен противник.

Сепак, во реалноста работите не се сосема такви. СССР имал многу причини да не испраќа космонаути на Месечината. Имено, во февруари 1966 година, советската автоматска станица Луна-9 потона на Месечината. Првиот уред во историјата, кој успеа да стигне таму не заврши славно. Со ова Советите веќе беа еден чекор пред САД, но не и доволно успешен за да се подготват за човечка мисија.

По Луна-9, СССР ја почна Мисијата за првата човечка мисија. Улогата на предводник му била дадена на Алексеј Леонов, кој го направи своето прво појавување во вселената претходно. Иако се искористија сите расположливи сили и средства за првите земјени тестови на симулации на летот, Советскиот Сојуз едноставно не можеше да победи во лунарната трка.

Моќната ракета N-1 која беше развиена од страна на руската вселенска програма се покажа само половина моќна и голема од она што САД го имаше како свој адут – ракетата Сатурн-5.

Сатурн имаше два големи мотори, додека N-1 доби само 30 мали мотори, кои едноставно не можеа да се направат поголеми и помоќни. Сите четири N-1 пробни беа прогласени за неуспешни. Советските дизајнери не се откажаа од обидите, но пред летот на Аполо во јули 1969 година не успеаја да направат подобрување на својата ракета.

Американците слетаа на Месечината. Владата на СССР одлучи дека второ патување на Месечината, едноставно, веќе нема смисла. Трката беше загубена, па Советите решија енергијата и средствата да ги вложат во следните програми.