Популарната музика трае се помалку и помалку. Од 2013 до 2018 година, просечната должина на хитовите на Billboard TOP 100 падна од 3 минути и 50 секунди на околу 3 минути и 30 секунди, а над 6% од хитовите во 2018 година траат во просек само 2 минути и 30 секунди, па дури и помалку.

На албумот од 2016 година „The Life of Pablo“ на Kanye West има осум песни кои се пократки од три минути, додека на оној од 2010 „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“ само две такви.

Овој тренд е забележлив и за изведувачите од други музички стилови. Но, зошто песните стануваат пократки?

Според експертите, стримингот е една од најверојатните причини. Плаќањата за услуги како Spotify и Apple Music учествуваат со 75% од сите приходи во САД во 2018 година. За споредба, нивниот удел во 2013 година е само 21%.

Сепак, тешко е да се одреди до кој степен стримингот придонесе за овој тренд. Во овој случај, треба да се забележи дека должината на поп песните почна да се намалуваат и во 90-тите, а сега само значително се забрза.

Некои луѓе од музичката индустрија промената ја припишуваат на сé послабото внимание на потрошувачите, со оглед на тоа што денеска имаме се полоша способност да се фокусираме на одредено нешто подолго време. Друга причина можеби е и зголемениот избор.