Истражувачите од Универзитетот во Упсала (Шведска) сублимирајќи ги резултатите од големата студија за структурата на претставниците на семејството кенгури, дознавале кога и зошто еволуцијата го натерала кенгурот да почне да се движи со помош на скокови.

По анализирањето на структурните карактеристики на скелетите на кенгурите и другите членови на оваа група на животни, научниците откриле дека првично сите се движеле на различни начини: одење, качување по дрвја итн.

Сепак, пред околу 2 милиони години, климатските промени ја направилеа климата на Австралија, која е природно живеалиште на кенгурот, значително посува. Животните барајќи нов механизам на движење што ќе им обезбеди брзо надминување на големи растојанија во потрага по храна, почнале да ги користат скоковите.

Не толку одамна, научниците од Универзитетот Флиндерс открија дека кенгурите се појавиле во Австралија еден милион години порано отколку што претходно науката тврдеше.