Тешко е да се поверува, но најбрзиот автомобил во светот доаѓа од Opel. Над 90 години по неговото производство „зеленото чудовиште“ повторно е извадено од гаража и повторно е ставено во погон.

Овој пат само за промотивно снимање, но и натаму автомобилот предизвикува вистинска почит, восхит и ентузијазам. Стариот тркачки автомобил на Opel од 1914 година и денеска е во релативно добра состојба. Тоа е тој истиот кој во 1922 година на трка на плажа во Данска постави рекорд за максимална развиена брзина од 228 км/ч.

Овој легендарен модел на Opel има само четири цилиндри, но капацитет од 12,3 литри. Ова го прави најголемиот мотор што некогаш го направиле во Opel. Блокот е толку моќен и висок што вентилите дури се испакнати од хаубата и затоа можете да го гледате секој удар во живо – особено со оглед на тоа што моторот работи со релативно умерени брзини.

Рамката е направена од дрво и железо, околу која инженерите во тоа време размислувале за едноставна школка направена од тенок лим. Има и четири високи дрвени тркала, рустикален пренос со километарски долг менувач како што беше вообичаено да се лоцира од надворешната страна.

Овој 100-годишник и денеска предизвикува воздишки.

извор: Welt.de