Новинарот на угледниот австриски весник „Der Standard“, Gunter Brandstätter ги негираше тврдењата кои доминираат низ медиумите во послендите години, дека здрава исхрана влијае врз животниот век, спасува од срцев удар и од канцер.

Во својата статија, Brandstätter се потпира на последното научното истражување “Иницијатива во име на здравјето на жените”, каде што осум години научниците анализираа две групи жени кои имале различни диети, односно начин на исхрана.

Првата група конзумирала зеленчук, овошје, а исто така и храна со малку масти и висок процент на влакна, додека втората група не ги променила навиките за јадење во секојдневниот живот.

„Ефектот на првата група која се хранеше здраво беше нула“, тврди Brandstätter. „Групата за контрола и интервенција на крајот не се разликуваше по било кој од критериумите од втората група”, вели новинарот.

Според него, медитеранската исхрана нема никаков ефект. Иако се зборува дека конзумирањето висока содржина на зеленчук, риба и маслиново масло го рпдолжува животот и спасува од некои болести.

„Во втората контролна група 8,8% од лицата се разболеа со дијабетес 2, а во групата чија исхрана беше фокусирана на маслиново масло, процентот беше 6,9%. Апсолутното намалување на ризикот од дијабетес беше 1,9% и се покажа како исклучително безначајно”, вели Brandstätter.

Меѓутоа, тој истакна дека не може целосно да се занемари храна. Според него, прекумерната потрошувачка на шеќер води кон развој на дијабетес, транс-мастите го зголемуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, а поради употребата на колбаси, веројатноста за појава на рак на цревата се зголемува мминимално.