Тој нема намера да се пензионира. Само минатата година, излегоа два филма на Клинт Иствуд, од кој The Mule стана и вистински хит со приходи од над 100 милиони долари на кино-благајните.

Големиот холивудски актер и режисер, веќе го најави својот нов проект. Станува збор за филмот насловен како The Ballad of Richard Jewell кој како и The Mule е вистинска приказна.

Приказната е за човек од обезбедувањето кој е обвинет од новинар под сомневање дека подготвувал напад на Летните олимписки игри во Атланта 1996 година.

Сценариото за новиот филм го прави Били Реј, а ко-продуценти е бидат Леонардо Ди Каприо и Џона Хил. Снимањето почнува ова лето, а премиерата доаѓа следната година.