Засладувачите не се ништо поповолни за здравјето на човекот од шеќерот. Ова го покажа една од последните студии направена на оваа тема од група меѓународни научници од Универзитетот во Фрајбург во Германија, Универзитетот Печ во Унгарија и Универзитетот „Декарт“ во Париз.

Обидувајќи се да водат здрав начин на живот, многу луѓе одбиваат производи кои содржат шеќер, претпочитајќи засладувачи. За да дознаат дали има фундаментална разлика во тоа дали да се консумира шеќер или засладувачи, научниците спровеле метаанализа од 56 студии, со речиси 14.000 учесници кои консумираат засладувачи во различни количини или воопшто не консумираат.

Студиите го испитуваа односот на засладувачите со телесната тежина на субјектите, шеќерот во крвта, оралното здравје, развојот на рак, кардиоваскуларни и бубрежни заболувања и промени во расположението и однесувањето. Според студијата, оние кои одбивале конзумирање на шеќер во корист на засладувачи имале за нијанса помало зголемување на телесната тежина. Децата кои консумирале засладувачи доживеале нешто помал пораст на индексот на телесна маса во споредба со оние кои консумирале шеќер, но и оваа разлика е речиси занемарлива. Исто така, истражувачите не најдоа доволно докази дека употребата на засладувачи придонесува за губење на тежината.

„Политиките и препораките треба да се ажурираат редовно со нови податоци. Важно е да се осигури дека дебатата за шеќер и неговите алтернативи ги користи најзначајните информации, а потоа да се донесуваат заклучоци“, сметаат предвондиците на студијата.