Американската серија Modern Family ќе заврши со своето емитување веќе со следната сезона. Пред неколку денови заврши емитувањето на 10-та сезона од оваа невообичаена серија, чие дејствие е насочено кон едно големо проширено семејство и односите помеѓу членовите.

Телевизиската мрежа ABC објави дека е обновен договорот за следната сезона, која ќе биде последна за оваа серија. Продуценти на серијата се Christopher Lloyd и Steve Levitan, а стана хит уште од самиот почеток на прикажувањето во септември 2009-та година. Веќе од следната година почна да ги собира Emmy наградите за најдобра комедија. Серијата вкупно има освоено 21 Primetime Emmy награди, вклучувајќи и 5 за најдобра комедија.

Засега нема информација кога ќе биде емитувана последната сезона и колку епизоди ќе создржи. Првите 6 сезони содржеа по 24 епизоди, од седмата до деветтата сезона имаше по 22 епизоди, додека во последната емитувана сезона имаше само 14 епизоди. Вообичаениот почеток на сезоните на Modern Family беше при крајот на секој септември, па се очекува тогаш да биде и почетокот на последната сезона.