Веќе влегуваме во периодот кога на сите можни страни се слуша музика со новогодишна тематика. Без разлика дали тоа ви се допаѓа, тешко дека ќе ја избегнете во следниот период. Една радио станица во САД (Star 102 Cleveland) се реши да ги „спаси“ слушателите барем од една таква песна, бидејќи според нив, текстот на песната има навредлива содржина. Станува збор за песната “Baby It’s Cold Outside” која е напишана од Frank Loesser во 1944-та година.

Песната ја имаат отпеано музички имиња како Ella Fitzgerald, Louis Armstrong, Dean Martin, Ray Charles, Tom Jones, Rod Stewart и Dolly Parton, а се вбројува во сетот на најемитувани божиќни песни. Според радио станицата Star 102 Cleveland, песната раскажува како еден маж наговара една жена вечерта да ја помине со него. На оваа одлука сега се приклучија и радио станици од Канада.