Со започнување на првиот Гренд Слем турнир во годината, борбата за местото број 1 во женска конкуренција е неизвесна како никогаш досега. На актуелната топ листа, врвот го завзема романската тенисерка Симона Халеп, но дали за две седмици ќе остане на истата позиција, е прилично неизвесно, бидејќи дури 10 тенисерки имаат шанска да застанат на нејзиното место.

Angelique Kerber

Пред почетокот на турнирот, кандидатки за тронот се: Angelique Kerber, Caroline Wozniacki, Sloane Stephens, Elina Svitolina, Naomi Osaka, Petra Kvitova, Kiki Bertens, Daria Kasatkina и Aryna Sabalenka. Доколку Halep го започне првиот меч, кој го игра против естонката Kaia Kanepi, од игра веднаш излегуваат Wozniacki (која ја брани титулата на Australian Open) и Daria Kasatkina. Доколку Halep победи во првиот меч, од игра излегува и Aryna Sabalenka.

Caroline Wozniacki

Победничката на последниот Гренд Слем, јапонката Naomi Osaka, како и американката Sloane Stephens мора да стигнат барем до четвртфиналето за да имаат шанса за тронот. Победничката на Вимблдон Angelique Kerber мора да стигне до полуфиналето, како и Elina Svitolina и Petra Kvitova. Тенисерките Karolina Pliskova и Kiki Bertens мора да стигнат барем до финалето за да имаат шанса да станат рекет број 1.

Halep за прв пат стана тениски рекет број 1 на 9-ти октомври 2017-та година, а до завршувањето на Australian Open таа ќе биде вкупно 66 седмици на врвот на ранг листата.