Правењето на правилната работа најчесто значи дека човек треба да се откаже од нешто. Скоро никој не ужива во јадењето на вегерарјански бургер, но здравата исхрана е модерна мотивација. Можеби сте ги слушнале информациите за злоупотребата на работниците кои ги изработуваат деловите или самите телефони, кои најчесто имаат ненормално долго работно време, во лоши работни услови, но и нехумана плата.

Fairphone 3

Доколку сте еден од оние луѓе кои би спиеле помирно доколку знаете дека луѓе не „плукале крв“ за да се направи вашиот телефон, на сцената доаѓа Fairphone 3. Fairphone е компанија од Холандија, а според извршниот директор Eva Gouwens компанијата произведува телефони кои се „пољубезни кон луѓето и го планетата“. Компанијата веќе има произведено два уреди, кои се дизајнирани да траат подолго отколку просечниот телефон. Компанијата соработува со невладини организации и производители во Кина, кои нудат подобра плата и подобри услови за работа кои ги изработуваат телефоните.

Fairphone 3

Телефонот не припаѓа на највисоката класи и ги нема најновите елементи. Телефонот го користи Qualcomm Snapdragon 632 процесорот со 4GB RAM, има внатрешна меморија од 64GB со можност за користење на microSD картичка. Батеријата е со капацитет од 3000mAH. Екранот е со дијагонала од 5.65 инчи и Full HD+ резолуција. Телефонот има една предна камера од 8MP и една задна камера од 12MP. Телефонот има скенер за отпечаток на прст, користи USB Type-C конектор, а има и стандарден приклучок за слушалки. Доколку ви прави мерак идеата позади овој телефон, може да го купите на нивниот сајт (fairphone.com) за 450 евра.

Fairphone 3

Fairphone 3