Африка експлодираше од зависност од коцкање. „Економист“ ја раскажува приказната за африканската „манија“ за обложување, грепки и слот-машини. Англискиот весник како пример ја наведува Етиопија, каде феноменот достигна најголеми димензии.

Истражувањето спроведено во 2017 година во шест земји од субсахарска Африка откри дека повеќе од половина од младите луѓе се коцкаат. На пример, над 75% од младите Кенијци се обложиле барем еднаш во 10 дена. Манијата и натаму се шири во обид да се дојде до брза заработка.

Неодамнешните подобрувања во телекомуникациската инфраструктура на Етиопија помогнаа да се објасни бумот на манијата од игри на среќа. Бумот исто така рефлектира продлабочување на економската фрустрација кај младите во земјата. Речиси сите играат за пари, а не за забава , убедени дека е можно да се добијат повеќе пари отколку на друго место.

 Политика за либерализација во овие земји овозможува, на пример, рекламирање игри на среќа на радио и телевизија а се повеќе се отвораат казина во густо населените места.