Луѓето кои страдаат од хипертензија, треба почесто да го користат екстрактот од лубеници, покажаа последните студии на лекарите. Научниците од Универзитетот во Флорида спровеле експеримент во кој учествувале 14 в олонтери над 58 години кои страдаат од висок крвен притисок.

Тие биле поделени во две групи. Првата група добивала плацебо, додека втората таблетки кои навистина содржат L-цитрулин и L-аргинин амино киселина, добиени од лубеници. Овие супстанции се способни да ги прошират крвните садови.

Резултатите покажаа дека луѓето од втората група навистина имале помал крвен притисок и имале помалку стрес врз срцето. Овој ефект бил забележан и кај подебели волонтери и кај оние кои имале прехипертензија или хипертензија во прва фаза. Научниците забележаа дека екстрактот на лубеница е одличен природен лек за борба против високиот крвен притисок и намалување на ризикот од срцев удар.