Египет отвори за посета уште две антички пирамиди јужно од престолнината Каиро. Според информацијата на тамошното министерство, ова се две пирамиди од оние кои содржат добро сочувани мумии. 

Министерот за антиквитети Халед ал-Анан изјави дека пирамидата на кралот Снефру, првиот фараон на 4. династија на Египет и една друга пирамида во нејзина близина ќе бидат отворени за туристи за првпат од 1965 година. Тој исто така рече дека тим од археолози откриле саркофази и остатоци од антички ѕид кои датираат од Средното Кралство пред околу 4000 години.

Пирамидата, изградена за време на Старото царство на фараонот Снефру, околу 2600 година пр.н.е е уникатна по тоа што има две внатрешни структури.  Наодите се направени за време на ископувањата во кралската некропола Дахшур на западниот брег на Нил, во област каде што се наоѓаат едни од најстарите египетски пирамиди.