Откако пред две години, тимот на САД го освои трофејот, тој сега се враќа на тлото на Европа. 42-то издание на ова натпреварување се одржа во Guyancourt (Франција). Капитени на тимовите беа Thomas Bjorn за Европа и Jim Furyk за САД, а тимовите ги сочинуваат по 12 голфери. Тимот на Европа победи со резултат 17.5 – 10.5.

Ryder Cup 2018

Последен пат кога Американците победиле на тлото на Европа е дури во 1993-та година. Интересно е што на Ryder Cup не постои награден фонд за учесниците. Ниту капетанот на победничниот тим, ниту голферите не заработуваат финансиска награда за победата. Следниот Ryder Cup ќе се одржи на американско тло, односно на Whistling Straits во Haven (Висконсин).