Возачите на најголемиот автопатот во Дубаи веќе ја забележале новата зграда која наликува на огромно око што се издигнува до кулите кои се симбол на Емиратите. Ова “око” е најновата амбицијата на емирот да изгради објекти со неспецифичен дизајн.

Всушност, станува збор за новиот Музеј на иднината – преслечен во нерѓосувачки челик, украсен со арапска калиграфија. Дизајнот веќе освои награди, иако музејот ќе се отвори следната година. Музејот има за цел да послужи како основа за истражување на најголемите предизвици и технологии кои ќе ја обликуваат иднината, од климатските промени до медицинските откритија.

Тој е иницијатива на Фондацијата за иднината на Дубаи, предводена од Шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, кој има мандат да го направи градот “центар на иновации и тестирање на нови технологии”.