Најскапиот парфем во светот беше презентиран во Дубаи. Тој веќе постави три рекорди во Гинисовата книга на рекорди и тоа во исто време. Луксузниот производ е дело на локалната компанија Spirits of Dubai, а трговската марка на унисекс мирисот е “Shumukh”.

Шишето на производот го урна рекордот за најукрасено шише со дијаманти. На него има над 3570 скапоцени камења. Самиот парфем исто е најскапиот во светот, бидејќи се продава за цена од 1,295 милиони долари.

Шишето парфем се поставува на постамент на тркала и се раководи со далечински управувач кој ја регулира висината и насоката на спрејот. Таа, исто така постави рекордот како најголем објавен на пазарот, со висина од 1,97 метри.