Францускиот тенисер Benoit Paire не успеа да ја скрие својата поспаност, па на мечот против британскиот тенисер Cameron Norrie успеа да дремне во кратките паузи помеѓу гемовите. Мечот се одржа вчера во Оукланд (Австралија) на ASB Classic турнирот, кој е загревање за првиот Гренд Слем турнир – Australian Open, кој започнува на 14-ти јануари.

Мечот заврши со резултат 6:3, 6:2 за британскиот тенисер, а Paire својата дремка ја објасни со патувањето кое траело 30 часови за да стигне во Оукланд, а организаторот на турнирот го ставил мечот во распоред веќе за во првиот ден.